Нашите атлети Агрон Хајредини и Јулијана Петровска се закитија со злато и сребро на најголемиот спортски собир за лица спортисти со интелектуална попреченост, Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада кои се одржуваат во Берлин.
Агрон и Јулијана под водство на тренерот Ифраим Љута го освоија првото во машка и второто место во женска категорија во атлетската дисциплина “Скок во далечина од место”.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА