Турскиот репрезентативец, Хакан Чалханоглу, суспендиран е од ФИФА на четири месеци за прекршување на договорот со Трабзонспор.
Арбитражниот суд денеска ја потврди казната на ФИФА откако е утврдено дека Чалханоглу е виновен за непочитување на договорот со Трабзонспор. Турскиот фудбалер како тинејџер имал договор со Трабзонспор, но подоцна тој заминал во Карлсруе, а оттаму во Баер Леверкузен. Поради прекршување на договорот со турскиот клуб, Чалханоглу ќе мора да плати и казна од 100.000 евра.
„Не можеме да ја сфатиме оваа одлука и жал ни е што дојде до ова. Тоа е голем удар за Чалханоглу, но и за нас со оглед на тоа што губиме важен играч до крајот на сезоната“ – изјави спортскиот директор на Баер, Руди Фелер.
Хакан Чалханоглу стана член на Баер Леверкузен во јуни 2014 година со трансферот вреден 14,5 милиони евра. Претходно тој настапуваше за Манхајм и за Карлсруе, а за репрезентацијата на Турција има одиграно 26 натпревари и има постигнато осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА