Легендата на турскиот фудбал и рекордерот по погодоци за турската репрезентација, Хакан Шукур заедно со неговиот соиграч Ариф Ердем, е избришан од историјата на Галатасарај, откако претходно беше обвинет за финансирање терористички организации кои организирале и планирале напади во Турција.
Целиот имот на Шукур во Турција е конфискуван од државата, неговиот татко уапсен, а сега покрај тужбите, неговите 13 години поминати во Галатасарај се избришани како никогаш да не биле, едноставно Шукур не постои.
„Галатасарај има 100 години историја и никој нема право да ја извалка. Ниту поединци, а најмалку терористи“ – изјави турскиот премиер, Бинали Јилдирим.
Шукур го држи рекордот за најбрз постигнат гол на СП, кога против Јужна Кореа постигна гол по 11 секунди, а за Галатарасај постигна 228 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА