Хакан Шукур згрозен од прославата на хрватските фудбалери (ВИДЕО)

Легендарниот турски фудбалер го осуди однесувањето на хрватската репрезентација за време на прославата по елиминацијата на Бразил. По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, односно елиминирањето на Бразил по изведување пенали, хрватскиот селектор Златко Далиќ објави видео на кое се гледа како неговиот тим слави со песната на хрватскиот националист Томпсон „Лепа ли си“.

Во видео клипот се слушаат играчите како го пеат текстот на песната „Херцег-Босно, срце посно…“. Реагираше, ни помалку ни повеќе, легендарниот турски фудбалер, стрелец на најбрзиот гол во историјата на Мундиалите, Хакан Шукур, кој на Твитер напиша:

„Јас сум со Босна и Херцеговина. Ова е неприфатливо. Каков срам за Хрватска“.

Се вчитува...