Хаким Зијеш остана без милиони затоа што не ги помина лекарските прегледи во Ал Наср

Хаким Зијеш нема да може да реализира трансфер во Ал Наср откако фудбалерот не ги поминал лекарските прегледи во клубот во Саудиска Арабија.

Челси и Ал Наср го договорија трансферот, фудбалерот ги договори личните услови со клубот, па иако се чинеше дека остануваат само формалностите, Зијеш не ги поминал медицинските тестови, поради што Саудијците не сакале да го комплетираат трансферот.

Тој претходно се договори за трансфер до 2026 година, со сериозна милионска сума која треба да ја добие за три години. Но, сега ништо од тоа. Повторно го чека враќање во Европа, ако успеа да се договори со нов клуб, откако веќе фудбалските клубови се свесни дека еднаш не минал лекарски прегледи.

Зијеш очигледно нема среќа со заминувањето од Челси. Во зимскиот преоден рок беше договорен со ПСЖ, беше и во Париз, но документите не стигнаа на време, преодниот рок заврши и тој не успеа да потпише за францускиот тим.

Се вчитува...