Првата ѕвезда на фудбалската репрезенација на Мароко, Ашраф Хакими има семејни проблеми пред полуфиналниот меч против Франција кој на програмата е утре на Светското првенство во Катар.
Имено, на социјалните мрежи се појави снимка по победата против Португалија на која се гледа како неговата сопруга е лута, што тој триумфот над европскиот шампион од 2016 година го слави со неговата мајка.
На снимката се гледа како таа му објаснува на Хакими дека прво треба да дојде кај неа да прослави, па потоа истото да го направи со мајка му.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА