Мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими, го коментираше инцидентот со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино после завршувањето на натпреварот за третото место против Хрватска, кој неговата селекција го загуби со 2-1.
Хакими му коментирал на Инфантино за судењето на натпреварот, а потоа наводно првиот човек на ФИФА побарал да биде избришна снимката.
„Ништо страшно не се случи. Бев многу лут после мечот и му отидов да разговарам со него, и притоа се извинив за зборовите. Тоа е мојот пријател, и имам многу почит кон него, така што ништо не се случи“, рече десниот бек на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА