Отворена е официјална истрага против мароканскиот дефанзивец и ѕвезда Пари Сен Жермен, Ашхраф Хакими поради обвинувања за силување, соопшти обвинителството во Нантер. На Хакими му било забрането да има контакт со младата жена која го тужела, но му било дозволено да ја напушти француската територија. Откако обвиненијата за силување протекоа во јавноста, сопругата на Хакими Хиба Абук реши да се разведе од него.
Пред судот сведочеа Хакими и девојката која го обвини за силување. Таа опиша како поминала вечерта во неделата на 26. февруари кога ПСЖ играше против Марсеј, но Хакими не можеше да настапи. Неговата сопруга била на патување во Дубаи со децата и тој ја имал куќата за себе. Извесен период бил во контакт со девојката преку Инстаграм, а дури тој викенд првпат се виделе во живо. Мароканскиот репрезентативец испратил такси да ја земе, кој ја однел во неговиот дом.
„Во неговиот дом работите излегоа од контрола. Ме бакна во уста, ми ја соблече облеката од градите, иако реков дека не сакам да го прави тоа. Ме допре до вагината, иако јас не сакав да го направи тоа“, се вели во сведочењето на жртвата.
Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие на прес-конференцијата не сакаше да го коментира овој случај. Тој само рече дека клубот ја решава ситуацијата со Хакими и комуницира со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА