Хакими за се се доверил на пријателите, а тие откриваат како се чувствува пред медиумите

Се уште се чека официјален став на мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими по обвинувањата за силување, меѓутоа шпанските медиуми пренесуваат информации до кои наводно дошле преку еден од неговите најдобри пријатели како всушност се чувствува Мароканецот.

Хакими бил убеден дека некој му поставил добра замка, и дека е жртва на завера. Тој се уште се брани со молчење, а ниту неговата сопруга Хакими Хиба Абук се уште не се огласува околу наводните обвинувања иако медиумите објавија дека веќе покренала бракоразводна постапка.

Како што е познато, отворена е официјална истрага против Хакими поради обвинувања за силување од млада девојка, по му е забрането да има контакт со младата жена која го тужела, но му било дозволено да ја напушти француската територија.

Пред судот сведочеа Хакими и девојката која го обвини за силување. Таа опиша како поминала вечерта во неделата на 26. февруари кога ПСЖ играше против Марсеј, но Хакими не можеше да настапи. Неговата сопруга била на патување во Дубаи со децата и тој ја имал куќата за себе. Извесен период бил во контакт со девојката преку Инстаграм, а дури тој викенд првпат се виделе во живо. Мароканскиот репрезентативец испратил такси да ја земе, кој ја однел во неговиот дом.

Се вчитува...