Халанд: Би сакал Мбапе да може да игра за Норвешка

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го пофали францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, и би сакал да го има крај себе во репрезентацијата на Норвешка.

Халанд кажа дека Мбапе е брз, и така игра долго време и дека има уште најмалку 10 години играње на врвно ниво.

„Има многу добри играчи, а Килијан е еден од нив. Тој е многу силен. Французите имаат среќа што го имаат. Би сакал да можеше да игра за Норвешка, но тоа не може. Неверојатен, феноменален“, рече Халанд.

Се вчитува...