Борусија Дортмунд стигна и до вториот триумф во пролетниот од сезоната во германската Бундеслига, откако во премиерниот меч од 19. коло го совлада Келн со 5-1.
Милионерите поведоа уште на самиот старт на натпреварот, откако Гереиро стрелаше уште во првата минута. На 2-0 зголеми Марко Ројс во 29. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел сите дилеми околу победникот ги разреши, Џејдон Санчо во 48. минута. Гостите успеаја преку Ут во 64. минута да намалат на 3-1. Потоа на сцена стапи неверојатниот Халанд кој по неговото влегување постигна два гола за конечни 5-1.
Со победата Дортмунд се искачи на делба на втората позиција на првенствената табела со Баерн Минхен со по 36 освоени бода, четири помалку од првопласираниот Лајпциг. Келн останува 13. со 20 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА