Ерлинг Халанд ја продолжува бајката во Бундес-лигата, постигна два гола и во првиот настап како стартер во дресот на Борусија Дортмунд, а „милионерите“ го совладаа Унион Берлин со 5-0. Џејсон Санчо ја отвори серијата голови во 13.минута и стана најмладиот фудбалер кој стигнал до 25 гола во германскиот шампионат, а пет минути подоцна погоди и Халанд.
Во вториот дел, Марко Ројс реализираше пенал, во листата на стрелците се запиша и Аксел Витсел, а Халанд не пропушти и уште еднаш да погоди.
Баерн Минхен исто така победува и го врати врвот со бод предност пред Лајпциг кој вечерва ја пречекува Борусија Менхенгладбах. Баварскиот тим со 1-3 славеше на гостувањето кај Мајнц. Роберт Левандовски, Томас Милер и Тијаго Алкантара за 26 минути донесоа 0-3, а Мајнц постигна почесен погодок во 45.минута преку Сент Џаст.
Хофенхајм со 2-1 го совлада Баер Леверкузен, а со идентичен резултат Аугсбург беше подобар од Вердер. Фортуна Диселдорд и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА