Халанд е голгетерски „терорист“, загрозени се сите можни рекорди во Премиер-лигата

Првата ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вчера постигна хет-трик во победата на „граѓаните“ над Јунајтед (6-3). Ваков почеток на кариерата во Премиер-лигата досега не е виден.

Норвежанецот со ваквиот настап ја демантираше изјавата на Пеп Гвардиола, кој со насолзени очи тагуваше за крајот на кариерата на Серхио Агуеро, изјавувајќи дека уште долго време нема се појави фудбалер кој ќе може да го замени.

Година и пол подоцна во дресот на Манчестер Сити се појави напаѓач кој е голгетерски „терорирст“, но и кој се заканува да ги собори сите можни рекорди во англискиот и светскиот фудбал. Начинот на кој Ерлинг Халанд ја започна својата кариера во дресот на „Граѓаните“ ги остави сите без зборови.

Вчерашната симултана игра во градското дерби против Манчестер Јунајтед со три гола и две асистенции е еден од најдобрите натпревари во историјата на Премиер-лигата. Тој ја доби познатата „десетка“ на тимот и се приклучи на ексклузивен клуб од само 13 играчи кои во историјата ја добија максималната оценка на францускиот дневен весник.

Норвежанецот, кој изгледа како производ на некоја советска лабораторија и усовршена верзија на експериментот со Иван Драго, има невиден почеток на кариерата во голем клуб: 14 гола во осум натпревари во Премиер-лигата. Тој постигнува гол на секои 47,5 минути по натпревар. Во најсилната лига на светот?!

Халанд стана првиот играч во историјата на Премиер-лигата со три последователни хет трика. За да стигне до хет-трик му беа потребни само осум натпревари. На пример, на Мајк Овен му требаа 48 натпревари, на Рудо Ван Нистелрој 59, на Фернандо Торес 64, на Енди Кол 65… Кристијано Роналдо постигна вкупно три хет-трика на 232 натпревари во Премиер лигата.

Најмногу голови во една сезона во Англија постигна Мохамед Салах во сезоната 2017/18 кога постигна 32 гола. Ако Халанд е здрав, Египќанецот може да се збогува со рекордот до „Нова година“.

Халанд може да го собори речиси 100-годишниот рекорд на сите рекорди. Легендарниот Дикси Дин постигна неверојатни 60 гола на 39 прволигашки натпревари во дресот на Евертон во сезоната 1927/28. Во суштина, во ерата на модерниот фудбал, за тој рекорд никогаш не се ни зборуваше, сметајќи го за недопирлив. Никој не беше ни на пат да му пријде. Па, сега најблизу до овие неверојатни бројки е Ерлинг Халанд, очигледно за Норвежанецот не постојат бариери!

Патем треба да падне и рекордот на Лео Меси по број на голови во една сезона во сите натпреварувања. Сити е фаворит на четири фронта, го очекуваат многу натпревари, а Халанд веќе има 17 гола на 11 натпревари. Рекордот на Меси од сезоната 2011/12 е 73 гола на 60 натпревари. Халанд веќе заврши четвртина и од оваа мисија.

Халанд до 22-годишна возраст успеа да постигне 170 гола во својата кариера. Роналдо имаше 50 гола на негова возраст, додека Меси 44.

Серхио Агуеро е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити со 260 голови и Гвардиола навистина мислеше дека е незаменлив. Од Халанд зависи само ако сака, а не дали може да го надмине тој рекорд. Исто толку голови е и рекордот во Премиер-лигата, кој го држи Алан Ширер. А тоа е остварлива и возможна мисија за Халанд.

Се вчитува...