Ерлинг Халанд ниту викендов нема да може да настапи за Манчестер Сити во Премиер-лигата, а неизвесно е дали извонредниот голгетер ќе може да му помогне на својот тим за претстојниот клупски мундијал што ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција пред мечот со Кристал Палас повтори дека проблемот со норвешкиот ас не е премногу сериозен, но и дека се уште нема точна информација кога Халанд би можел да севрати во тимот на „граѓаните“.
„Не сум премногу загрижен, не станува збор за скршеница, туку само за удар. Треба да има нови прегледи, па ќе видиме, едно е сигурно – нема да моќе да игра против Кристал Палас. Се надеваме дека ќе може да патува со нас во Саудиска Арабија, да настапи на светското првенство“, изјави Гвардиола.
Сити викендов ќе отпатува за Саудиска Арабија, каде во вторник во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Леон – Урава.
Ерлинг Халанд е најдобар стрелец во Премиер-лигата сезонава, со 14 гола на првите 15 одиграни натпревари во елитното англиско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА