Халанд е под знак прашалинк за утрешниот меч поради смрт на близок пријател

Манчестер Сити може да се најде во неочекувани проблеми пред утрешниот меч против Брентфорд на „Етихад“, откако Ерлинг Халанд го пропуштил денешниот тренинг поради смртта на близок пријател.

Семејството на Норвежанецот останал без Ивар Егја кој починал, а веста ја потврди и менаџерот Пеп Гвардиола кој кажа дека не знае дали напаѓачот ќе биде подготвен психолошки.

„Ова е тежок момент за него и за неговото семејство. Ова се тажни вести. Нашите мисли се со него и неговото семејство. Ќе видиме утре дали ќе биде ментално подготвен да игра“, рече Гвардиола.

Се вчитува...