Ерлинг Халанд, големата желба на Челси за летниот трансфер период е пред потпис со Реал Мадрид па лондонскиот клуб погледите сега ги насочи кон шампионот на Лига Европа, Вилјареал и напаѓачот Џерард Морено.
Шпанецот претходната сезона белскаше во редовите на „жолтата подморница“ со 30 постигнати погодоци и 11 асистенции на 46 одиграни натпревари во сите конкуренции, а еден од нив беше и во финалето на второто по ранг натпреварување во Европа со кој донесе предност за Вилјареал во првото полувреме.
Доколку се оствари овој трансфер, истиот ќе го чини Челси околку 40 милиони евра, што е далеку поефтино од сумата која „сините“ треба да ја платат за норвешкото „чудо од дете“. Како потсетување, Борусија Дортмунд нема да го пушти Халад за замине од „Сигнал Идуна Парк“ за помалку од 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА