Манчестер Сити е пред нова титула, откако славеше на гостувањето кај Тотенхем со 0-2 и така се стекна со два бода предност пред Арсенал пред последното коло во кое Сити на домашен терен го дочекува Вест Хем.
Одличен натпревар беше во Лондон, со многу шанси на двете страни, со многу нервоза и во едниот и во другиот табор. После првиот дел немаше голови, а најзаслужен за тоа е стоперот на домашните Драгушин и голманот Викарио, кои спасуваа чисти голови по нападите на шампионот.
Во 51. минута Халанд му носи предност на Сити, по одличната асистенција на Де Брујне. Гвардиола се реши на промена на голманската позиција, откако Едерсон беше удрен од страна на Ромеро, потег кој не му се допадна на бразилскиот голман, но тоа ќе се покаже како исправен потег. Стефан Ортега, резрвниот голман на Сити одбрани три зицери, а особено ќе се памети оној на Сон во 89. минута, кога играчот од Јужна Кореја излезе сам пред него по една грешка на одбраната на Сити.
Во 92. минута Халанд од пенал реализираше за конечни 0-2.
Сега Сити игра дома со Вест Хем во последното коло, додека Арсенал ќе го дочека Евертон. „Топчиите“ мора да победат, и да чекаат „кикс“ на Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА