Халанд го откри тајниот напиток за врвната форма (ФОТО)

Ерлинг Халанд, еден од најдобрите фудбалери на денешницата продолжи со врвната форма и по преминот во Манчестер Сити. Норвешкиот голгетер оваа сезона веќе забележа 48 гола во дресот на „граѓаните“, а на социјалните мрежи сега го откри и тајниот напиток.

Халанд објави слика како држи две млека во рацете, а на објавата пишува „Јас и мојот таен напиток“.

 

Англиските медиуми оддамна пишуваат за строгиот режим на исхрана кој го води младиот напаѓач, а покрај неговиот татко Алфи кој неодмана изјави дека е подготвен да измолзи крава и да донесе свежо млеко за својот син, за истиот говореше и тренерот Пеп Гвардиола.

Се вчитува...