Фудбалерите на Манчестер сити им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 10. коло во Премиерлигата славеа над Бормут со 3-1.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Ерлинг Халанд во 17. минута. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Адамс во 25. минута, а до крајот на првиот дел Халанд со својот втор гол во 33. минута донесе ново водство за „граѓаните“ од 2-1. Конечните 3-1 ги постави О’Рајли во 60. минута.
Manchester City [2] – 1 Bournemouth – E. Haaland 33'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

