По нешто повеќе од една година пауза, Ерлинг Холанд и „Најки“ повторно соработуваат. Според англиските медиуми, Ерлинг Холанд и американската компанија за спортска опрема потпишале нов спонзорски договор.
А за честа да му биде спонзор, „Најки“ издвои 227 милиони евра. Или 22,7 милиони годишно за договор потпишан на десет години. Халанд ќе заработува повеќе од „Најки“ отколку од Манчестер сити, од кого според договорот заработува 22,3 милиони евра.
Американската компанија го потпиша првиот договор со Халанд кога Норвежанецот имаше само 14 години, но соработката беше прекината на почетокот на 2022 година.
По краткото патување во „Пума“ и „Адидас“, Халанд се вратил кај стариот пријател. Британските медиуми шпекулираат дека инспирација на Халанд за враќање во „Најки“ бил и тоа што неговиот идол, Бразилецот Роналдо, ја носел нивната опрема на врвот на славата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

