Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и неговите соиграчи од националниот тим се наоѓаат пред суспензија од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА), доколку Норвешка реши да го бојкотира Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар.
Норвешкиот фудбалски сојуз реши да се побуни против Катар затоа што смета дека не се почитуваат човековите права во државата, а ако се случи тоа, тогаш ќе следи и остра реакција од ФИФА.
Норвешка и претходно го покажа својот револт поради односот кон работниците кои работеа на стадионите за СП, а сега се размислува за посериозен чекор, како што е бојкотот на големиот настан следната година.
ФИФА нема да го прифати лесно бојкотот од страна на Норвешка, а светските медиуми објавија дека тоа би предизвикало и суспензија на норвешките фудбалери од СП, па така Халанд и другарите би можеле да ги пропуштат следните две големи натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА