Со четири гола на Ерлинг Халанд и еден на Алварез, Манчестер Сити лесно го совлада тимот на Вулверхемптон со 5-1, и ја продолжи битката за титулата во Премиерлигата.
Халанд уште на полувремето имаше хет-трик, откако најпрво во 12. минута од пенал го отвори резултатот, а во 35. минута Норвежанецот стрелаше по асистенција на Родри. Во третата минута од судиското надополнување Халанд донесе убедливи 3-0 за актуелниот првак.
Најпрво Хванг намали, а Халанд во 54. минута зголеми и на 4-1, за во 85. минута Алварез ги постави конечните 5-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА