Раководството на Манчестер Сити настојува што поскоро да го врзе Ерлинг Халанд на подолг период, почнувајќи преговори со извонредниот голгетер на дваесетина месеци пред истекот на неговиот договор. Понудата е финансиски одлична, Халанд со овој потпис би бил најплатен фудбалер во Премиер-лигата, но Норвежанецот нема намера експресно да ги прифати понудените услови од својот клуб.
Британските медиуми јавуваат дека Халанд инсистира на еден услов без кој нема да потпише нов договор со „граѓаните“ – и тоа вклучување на клаузула за откуп што би му овозможила трансфер во нов клуб во иднина.
Јавна тајна е дека Халанд е голема желба на Барселона, за овој фудбалер голем интерес покажува и ПСЖ, а норвешката гол-машина со ваква клаузула би си осигурала дека Сити нема да може да го задржи сосила ако добие интересна понуда во наредните години. Според првичните информации Халанд бара оваа клаузула да биде 100 милиони фунти,преника сума за фудбалер што би бил најплатен во Премиер-лигата.
На потег се челниците на Манчестер Сити, кои ќе треба да заземат став дали да дозволат ваква клаузула во новиот договор, a потоа да дискутираат и за нејзината висина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА