Ерлинг Халанд игра во фанастична форма. Норвежанецот погодува како од шега, ги „тероризира“ противничките екипи, и на првите 12 официјални натпревари има дури 19 голови за Манчестер Сити. Доколку продолжи така, може да се зголемат и неговите примања.
„Дејли Мејл“ тврди дека Халанд има плата во Сити од 430 лјади евра, но со бонуси би можела да достигне и до еден милион евра.
Голем дел од тие бонуси се однесува на индивидуалниот учинок на Халанд, кој засега е беспрекорен. Халанд со овие бонуси би можел да стане трет најплатен играч во Светот после Килијан Мбапе и Лео Меси кои имаат бруто плата од 1,7 милиони, односно 1,2 милиони евра. Во првите 10 се уште и Нејмар, Роналдо, Де Брујне, Еден Азар, Де Геа, Салах и Мане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

