Халанд има услов за трансфер во Реал Мадрид: Ќе дојдам, само ако тренер биде…

Според пишувањата на шпанските медиуми, Ерлинг Халанд е подготвен за трансфер во Реал Мадрид еден ден, но има еден услов. Тоа не е должината на неговиот договор ниту платата, туку тренер.

Наводно норвешката гол машина би можел да замине на „Сантијаго Бернабеу“ само ако Реал Мадрид биде предводен од Јирген Клоп.

Германецот е еден од кандидатите на лето да го преземе тимот на „кралевите“, меѓутоа оваа тема засега останува затворена се до крајот на сезоната кога Реал ќе одлучи кому ќе му ја додели довербата.

Доколку тоа биде германскиот стручњак и екс тренер на Борусија Дортмунд и на Ливерпул, тогаш би можел да се случи и еден од најголемите трансфери во ерата на Реал.

Се вчитува...