Халанд ја брка 75 милионската ѕвезда од Манчестер Сити

Египетскиот репрезентативец Омар Мармуш по само една година откако се пресели во редовите на Манчестер Сити може да го напушти клубот.

Мармуш пристигна во редовите на „граѓаните“ во трансфер вреден 75 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт во јануари 2025 година, но оваа сезона е во втор план зад фантастичниот Ерлинг Халанд забележувајќи само 15 настапи и вкупно 389 минути поминати на теренот.

Неговата вредност на трансфермаркетот изнесува 65 милиони евра, а голем интерес за негов ангажман покажа Галатасарај. Според англиските медиуми веќе имало и иницијални преговори за негов трансфер веќе оваа зима.

Се вчитува...