Халанд ја доби наградата за најдобар фудбалер според „Глоуб сокер“ (ВИДЕО)

Норвежанецот Ерлинг Халанд иако незаслужено остана без „Д бест“ наградата оваа година, сепак доби свое признание за најдобар фудбалер според „Глоуб сокер“. Покрај Халанд на манифестацијата награда доби и Кристијано Роналдо кој беше прогласен за фаворит на фановите.

За најдобар тренер очекувано беше избран стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, a за најдобар млад фудбалер Џуд Белингем.

 

Се вчитува...