Ерлинг Халанд воопшто не размислува за промена на клупските бои, без оглед на бројните шпекулации за мегапонуди што англиските гиганти ги подготвуваат за негов трансфер.
Норвежанецот веќе пристигна на тренинг-кампот на „милионерите“ во Швајцарија, јасно демантирајќи ги гласините дека е блиску до трансфер во Челси вреден 150 милиони евра.
„До вчера, јас повеќе од еден месец се немав слушнато со мојот агент. Тоа е на што треба да го знаете, искрено се сомневам дека она што се пишува е точно бидејќи тоа се премногу пари за еден играч. Вистината е едноставна, јас уживам играјќи фудбалер за Борусија Дортмунд, се останато се новинарски шпекулации. Имам уште три години од договорот и воопшто не размислувам за заминување“, децидно порача Ерлинг Халанд.
Во тој договор има клаузула што следното лето го прави норвешкиот голгетер достапен за само 75 милиони евра, па се очекува во 2022 година да се води вистинска војна меѓу гигантите за потписот на Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА