Манчестер Сити го прегази Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампиони. Англискиот состав славеше со 3-0 благодарение на головите на Родри, Силва и Халанд, а за одличниот настап „граѓантие“ добија пофалби од сите страни.
Пофални зборови доби и младиот норвешки голгетер Ерлинг Халанд. За него говореше неговиот вчерашен противник Алфонсо Дејвис кој вели дека тој е незапирлив и ќе го добие статусот на легенда.
„Тој ќе биде легенда. Невозможно е да го фатите, незапирлив е. Брз, силен и многу паметен играч. Играв со него во Бундеслигата и тогаш го имав истото мислење. Невозможно е да го чувате“, вели еден од најбрзите бекови во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

