Халанд ќе биде замена за Левандовски во Барселона

Пред челниците на Барселона е тешка задача, а тоа е да најдат замена за Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач не е играчот кој го видовме во дресот на Баерн, но и на 36 години е еден од најдобрите во дресот на каталонскиот тим.

Сезонава во воведните пет лигашки кола веќе постигна четири гола и има две асистенции, но времето не е на негова страна. Левандовски има договор до летото 2026 година и прашање е кој ќе го пополни местото кое ќе се отвори со неговото заминување.

Доколку се покаже дека ѕвездата на Манчестер Сити е недостапна за Барса, тие ќе се обидат со Виктор Ѓекерес или Бенџамин Шешко. Во секој случај ќе биде потребна голема отштета, па Барселона пред се би морала да се извлече од финансиските маки во кои се наоѓа во моментов.

Се вчитува...