Халанд ќе заработи дополнителни милиони ако Сити ја освои тројната круна

Манчестер Сити во финишот на сезоната влегува во игра за три трофеи, а ако успее во тоа, тогаш нивната гол машина Ерлинг Халанс ќе стане побогат за дополнителни милиони.

Во Премиерлигата Сити е првопласиран со бод пред Арсенал, но и меч помалку, и на пат е да ја одбрани титулата. Игра финале на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, а во ЛШ игра против Реал Мадрид во полуфиналето. Ако се пласира во финале, ривал ќе му биде еден од миланските клубови.

Доколку Сити ја освои Премиерлигата, Халанд ќе заработи дополнителни 1,1 милиони евра како награда. Истата сума ќе ја добие доколку ја освои и Лигата на шампионите. За ФА Купот ќе заработи нешто помалку од 400.000 евра, што значи дека во случај на тројна круна, Норвежанецот ќе биде побогат за 2,6 милиони евра. Со сите останати бонуси, Халанд би можел на крајот да добие дополнителни 5,6 милиони евра.

Се вчитува...