Халанд мета на критичари по дебаклот на Норвешка: „Знаев дека ќе побегне“

Норвешка доживеа дебакл во четвртото коло од Лигата на Нации губејќи на гостувањето кај Австрија со 5-1. Норвешките фудбалери беа мета на критичарите за очајниот изглед на теренот, а најмногу од нив е критикуван Ерлинг Халанд кој ја носеше капитенската лента на овој натпревар.

Халанд не беше расположен да говори пред медиумите по дебаклот на својата нација, а поради тоа доживеа голема критика од фудбалерот Кристоф Локберг кој беше стручен коментатор за норвешка телевизија.

„Во оваа ситуација би сакале да слушнеме од него. Беше интересно да го слушнеме по успехот против Словенија, но сакаме да слушнеме што има да каже и кога работите не се добри. Капитенот добива пофалби кога работите одат по посакуваната насока, но има и дополнителна одговорност кога е лошо“, вели Локберг.

„Знаев дека ќе побегне. Има голем одговорност како капитен. Мора да го сфати тоа… Мора уште многу да напредне доколку сака да ја носи капитенската лента на Норвешка во иднина“

Се вчитува...