Халанд: Милошевиќ ми се закани дека ќе ми ги скрши нозете!

Напаѓачот на норвешката репрезентација Ерлинг Халанд, кој од следната сезона ќе настапува за Манчестер Сити, во неделата беше во центарот на вниманието на дуелот од Лигата на нации, во кој неговата репрезентација гостуваше во Шведска.

Фантастичниот голгетер беше двоен стрелец во победата на својот тим, а имаше и вербален конфликт со шведскиот дефанзивец Александар Милошевиќ.

Во вториот дел камерите забележаа пресметка меѓу Милошевиќ и Халанд, по што Норвежанецот набрзо го постигна вториот гол и гестикулираше кон публиката, порачувајќи им дека треба да молчат.

Во изјава за норвешките медиуми по натпреварот, Ерлинг изјави дека Милошевиќ го навредувал и му се заканувал.

„Ми рече дека сум к**** и дека ќе ми ги скрши нозете, а минута подоцна дадов гол. Одлично е чувството кога даваш голови за репрезентацијата, нашиот народ го заслужува тоа“, изјави Ерлинг.

Милошевиќ е роден во Стокхолм, има 30 години, татко му има српско потекло, а моментално овој стопер висок 192 сантиметри настапува за АИК.

 

 

Се вчитува...