Халанд на секој меч во Бундес-лигата урива рекорд

Н0рвешката сензација Ерлинг Халанд го воодушевува светот со фантастичниот старт во Бундес-лигата. Тој постигна гол и во вчерашниот триумф на „милионерите“ против Унион Берлин (5-0) и постави нов рекорд. За 77 минути игра постигна седум гола, а тоа го оствари од неверојатни осум шута кон противничкиот гол.

Халанд за само 136 минути во Бундес-лигата успеа да влезе меѓу десетте најдобри стрелци оваа сезона каде првото место го држи Роберт Левандовски со 22 погодоци. Прецизните статистичари пресметаа дека на норвешкиот голгетер му се потребни помалку од 20 минути (19,4 мин.) за да постигне гол во германското првенство и е апсолутно водечки во Европа во Топ 5 лигите. Зад него се Серхио Агуеро на кого му се потребни 69, 4 минути за гол во Премиер – лигата и Чиро Имобиле кој дава гол на секои 71,8 минути за Лацио во Серија А.

Младиот Халанд кариерата ја почна во норвешкиот Брине од каде во 2017 година прејде во Молде, доби шанса од тогашниот тренер Оле Гунар Солскјер и веднаш се наметна со голови. Во 2019 година потпиша за Ред Бул Салцбург, а оваа зима веќе направи трансфер во Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...