Халанд над сите: Норвежанецот ја доби првата награда во Премиерлигата

Норвешкиот „бомбардер“ Ерлинг Халанд, веќе руши рекорди во Премиерлигата. Уште во првата сезона тој почна да ги собира наградите. Напаѓачот на Манчестер Сити веќе ја освои првата награда, благодарение на фантастичната сезона откако од Борусија Дортмунд стигна во Сити.

Станува збор за наградата „фудбалер на годината“ од Здружението на фудбалски новинари во Англија.

Норвежанецот досега има 51 гол на 47 натпревари за Сити во сите натпреварувања. За него гласале 82% од новинарите, што е нов рекорд во изборот на спортското здружение во ерата на Премиер лигата. На гласањето учествуваа 400 новинари од Англија.

На второто место се најде Букајо Сака од Арсенал, додека трет е фудбалерот на Арсенал, Мартин Одегард, по што следуваат Де Брујне, и Рашфорд во првите пет.

Се вчитува...