Халанд: Не е лошо, дадовме шест гола на Јунајтед … што да кажам повеќе?!

Манчестер Сити го „торпедираше“ градскиот ривал Јунајтед со убедливи 6-3 во дербито на англиската Премиер лигата.

Ерлинг Халанд и Фил Фоден беа најрасположени кај домаќините. И двајцата запишаа хет-трик, а моќниот Норвежанец запиша уште две асистенции.

„Да, не е лошо! Дадовме шест голa, a тоа е неверојатно. Да победиш на домашен терен, да дадеш шест гола, убаво е. Видовте како комбинираме, си ја додававме топката еден на друг. Секогаш сакаме да одиме напред и да напаѓаме. Тоа е она што го сакам во Сити. И на крај, ова е неверојатно, нема што повеќе да се каже“, заклучи Норвежанецот.

Се вчитува...