Ерлинг Халанд урива рекорди во Премиер-лигата, но слабите игри на дерби-натпреварите придонесоа норвешкиот голгетер да добие се пожестоки критики од поранешни фудбалери.
Прв нога повлече Рој Кин, по дербито во ЛШ со Реал Мадрид се надоврзаа и легендарниот Тиери Анри и Рафаел ван дер Варт, за вчера и Џејми Карагер жестоко да го нападне Халанд поради неговата невклученост во играта на Манчестер Сити.
„Ерлинг Халанд е ултимативен луксузен фудбалер. Тој несомнено е еден од најдобрите светски стрелци, но не може да се каже дека е фудбалер од светска класа. Да си играч од светска класа, тоа значи да имаш многу повеќе од екстра особина. Сетете се на најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата во последните 20 години, Тиери Анри, Луис Суарез или Хари Кејн. Тие имаа толку големо влијание врз натпреварите на своите тимови без разлика дали ќе дадеа гол или не. Тие можеа да играат за било кој тим во светот и да го направат подобар. Општо говорено, Халанд не е на нивото на ова трио, според мене и никогаш нема да биде подобар од нив. Погледнете ги последните три средби против врвни противници, кога Ван Дајк, Салиба и Ридигер го малтретираа Ерлинг, не дозволувајќи му воопшто да се појави на теренот“, изјави Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА