Ерлинг Халанд не се појави во Дортмунд денес за време на традиционалното тестирање на фудбалери пред почетокот на претстојната сезона. Собирот на играчи започна и тие полека ги стартуваат подготовките за новата сезона, која започнува за Борусија кон средината на август.
Ерлинг Халанд, кој немаше никакви репрезентативни обврски ова лето, денес не беше присутен во Дортмунд, но се чини дека доцни малку од одморот што знаеше на вистински начин да ги искористи.
Бидејќи Норвежанецот не беше таму, новинарите веднаш побараа одговор од предводникот на Борусија, а директорот Мајкл Зорк, низ мала насмевка им рече: „Ерлинг не е тука затоа што веќе е во Англија“.
Не е тајна дека Челси се обидува на секој можен начин да купи одличен напаѓач, но исто така не е тајна дека Борусија нема да го продаде својот најдобар стрелец до крајот на следната сезона. Норвешкиот новинар Јан Аеџ Фјортофт денес објави дека Челси подготвува неверојатна понуда од дури 150 милиони фунти за Халанд и дека самиот играч е заинтересиран да се пресели во Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА