Халанд нема дадено гол само на еден стадион во Премиер-лигата, знаете ли на кој?

Ерлинг Халанд ја продолжи серијата извонредни игри постигнувајќи го победничкиот гол за Манчестер Сити на гостувањето против Брентфорд, со што „граѓаните“ се приближија до врвот на премиерлигашката табела.

Воедно, Халанд конечно успеа да даде погодок на „Џи-Тек Комјунити“, еден од двата стадиони на кои норвешкиот ас се немаше запишано меѓу стрелците. Тој имаше одиграно 176 минути на оваа фудбалска арена, упатено седум удари на тие два меча, но не можеше да го најде патот до мрежата, нешто што му успеа вчера при првиот обид кон голот на Келехер.

По вчерашниот погодок, Халанд бил стрелец на 22 од вкупно 23-те стадиони на кои има настапено, а единствениот фудбалски храм на кој се нема радувано е „Енфилд роуд“. Норвежанецот има одиграно неколку средби на стадионот на Ливерпул, ниту еднаш не успеал да се запише меѓу стрелците, а нова шанса да биде „стопроцентен“ ќе има на гостувањето на „Енфилд“ закажано за 7 февруари 2026 година.

Се вчитува...