Халанд одби наредба и го разлути Гвардиола

Манчестер Сити славеше над Лидс 2-1, и дојде на чекор до нова титула во Премиерлигата. Ерлинг Халанд првпат после февруари не запиша ниту гол ниту асистенција, а еден негов потег го разлути менаџерот Пеп Гвардиола.

Несогласувањата ги поттикна пеналот кој го имал Сити при водство од 2-0. Халанд изведувањето го препушти на Гундоган, кој притоа имаше можност да го комплетира хет-трикот. Пеп инсистираше ударот да го изведе Халанд, а дополнително го налути кога Гундоган го промаши пеналот.

„Гундоган да постигнеше гол, се ќе беше во ред. Хет-трик, одлично, одиме понатаму. Но, изведувач е изведувач. На 2-0 тоа е работа, особено во англиска лига. Не смее да се заборави кој изведува пенали, тоа не смее да се прави. На 2-0 меч во Англија не е говор. Да беше 4:0 и 10 минути до крај, тогаш океј. Сакав пеналот да го изведе играчот кој ги изведува. Тоа значи Халанд или Махрез. Меѓутоа оваа ситуација покажува каква личност е Ерлинг. Покажа дека соиграчите му се важни. Го почитувам тој потег, но сметам дека тој требаше да го изведе“, рече Гвардиола по мечот.

Се вчитува...