Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за клубот. Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, ФА Купот, бидејќи ќе игра во финалето против Кристал Палас во сабота од 17:30 часот.
Манчестер Сити се мачеше многу во Премиерлигата. Загуби некои натпревари кои не требаше да ги загуби со аутсајдери, и токму од тука го загуби и здивот за титулата. Во Лигата на шампионите беше елиминиран од Реал Мадрид уште во 1/8 финалето.
„Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Здодевно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до Вембли, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Имаме финалето на ФА Купот за играње во ужасна сезона. Кога ќе освоите четири титули по ред, а нема да ја освоите петтата, тоа не е успешна сезона. Ние ги поставивме тие стандарди. Не се снајдовме добро во лигата, но се надеваме дека ќе успееме да се квалификуваме за Лигата на шампионите“, истакна Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

