Ерлинг Халанд не ја криеше гордоста по извонредниот натпревар на дуелот со Лајпциг, откако постигна пет гола за нецели 63 минути игра, станувајќи само трет играч во историјата кому вакво нешто му пошло од рака (по Лео Меси и Луиз Адријано).
Норвежанецот беше презадоволен по последниот судиски свиреж, но напомена и дека останал разочаран кога Пеп Гвардиола го повлече од игра во 63. минута.
„Ех, да останев на теренот… Кога излегував му кажав на Пеп, сакав да постигнам двоен хет-трик, но што да правам, тренерот решава…. Реално, можев да дадам уште два гола во првото полувреме, но ако останев на теренот којзнае што ќе се случеше. Секако дека сум среќен што дадов пет гола, но секогаш сакам повеќе и повеќе. Знам дека можам подобро, дека можам да напредувам во шутевите со лева нога, со глава… но најмногу од се би сакал да стигнам до ниво за да ги правам играчите околу мене уште подобри“, изјави Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

