Халанд потпиша нов договор со Сити, за уште 9,5 години во Манчестер

Манчестер Сити има разочарувачка сезона, но управата на клубот прави се за да ги задржи клучните фигури во своите редови. Така, Пеп Гвардиола го продолжи својот престој во клубот потпишувајќи нов договор, а денеска истото го стори и најдобриот фудбалер на Сити, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот беше поврзуван со Барселона како „засилување од соништата“ за Жоан Лапорта, но Сити ја затвори вратата за тој сон на каталонците договарајќи продолжување на соработката со големиот ас. Финансиските детали засега не се обелоденуваат, но се најавува дека станува збор за рекорден договор, па очекувањата се платата на Халанд заедно со предвидените бонуси да ја мине границата од 500.000 фунти неделно.

Она што е интересно, новиот договор на Халанд е со важност до јуни 2034 година, што значи дека Норвежанецот со него се обврзува да остане во клубот уште девет и пол години. Сите клаузули од претходните договори се бришат, а Сити дозволил тој да има клаузула за заминување од Манчестер, но во висина од над 150 милиони евра, и тоа најрано во јули 2029 година.

Се вчитува...