Халанд повеќе не молчи за ситуацијата во Сити – На Гвардиола не му се допаѓа тоа!

Манчестер сити одигра лош натпревар на гостувањето против Реал Мадрид, во поразот од 3-0 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Пред тоа, тие ремизираа (2-2) во првенството против Нотингем Форест и загубија два многу важни бода во борбата за титулата шампион на Англија.

Очигледно некои работи не се како што треба во редовите на „граѓаните“. Пеп Гвардиола е смирен, верува во тимот, но не е така и со првиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој повеќе не може да молчи за ситуацијата во тимот.

Медиумите на Островот објавуваат дека Халанд наводно не е задоволен од моменталната ситуација во клубот. Тоа му го кажал и лично на Гвардиола.

Норвежанецот е на мислење дека играчите ја изгубиле мотивацијата и самодовербата и дека тимот не изгледа добро во клучните натпревари, истакнуваат локалните медиуми.

Пред Манчестер Сити се пет натпревари кои ќе дадат многу одговори оваа сезона.

Прво, ги очекува реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 17 март. После тоа, на 22 март, ќе го играат финалето од Лига Купот против Арсенал за првиот трофеј во сезоната.

Се вчитува...