Ѕвездата на Манчестер Сити и норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, е прогласен за најдобар фудбалер на Норвешка за 2025 година. Ова е негова шеста последователна „Златна топка“ со што го зацврсти својот статус како најдоминантен норвешки играч во историјата.
Норвешката фудбалска федерација ја додели наградата на 25-годишниот напаѓач, кој во изминатата година продолжи да руши рекорди и на клупско и на репрезентативно ниво. Во Премиер лигата, Халанд имаше фантастична есен со Манчестер сити. Тој стана најбрзиот играч што достигна 100 голови во историјата на натпреварувањето, а потребни му беа само 111 натпревари, со што го подобри стариот рекорд на Алан Ширер (124 натпревари). Дополнително, тој стигна до 50 голови во Лигата на шампионите во рекордно малку натпревари, продолжувајќи да биде главен мотор на гол-машината на „граѓаните“.
На репрезентативна сцена, Халанд беше клучен за историскиот успех на Норвешка. Со 17 голови на само девет натпревари, тој го одведе тимот на Светското првенство 2026, а прв пат по 2000 година Норвешка ќе игра на најголемата светска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

