Халанд повторно стрелаше, Дортмунд си поигра со Ајнтрахт (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го декласираше Ајнтрахт Франкфурт со 4-0 во првиот натпревар од 22. коло во германската Бундеслига. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Лукаш Пичшек во 33. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Санчо во 50. минута ја удвои предноста на „милионерите“, додека чудото од дете Ерлин Халанд со својот нов погодок зголеми на 3-0. Конечните 4-0 ги постави Гереиро во 74. минута.

Со победата Дортмунд се искачи на втората позиција на првенствената табела со само бод помалку од лидерот, Баерн Минхен, но и со натпревар повеќе. Ајнтрахт Франкфурт останува на 9. место со освоени 28 бода.

 

 
Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...