Халанд признава: Вториот гол беше чист офсајд, Фулам со право се лути

Манчестер Сити славеше со убедливи 5-1 на вчерашниот дуел со Фулам, но исходот можеше да биде сосема поинаков доколку судиите си ја завршеа работата како што треба и го поништеа голот на Аке за 2-1, постигнат пред самиот крај на првото полувреме.

Аке шутираше со глава, топката се движеше кон Аканжи кој беше во очигледен офсајд, Швајцарецот дури и скокна за да не го удри, но ВАР-арбитрите сепак решија да не го поништат голот.

Ерлинг Халанд, кој потоа постигна хет-трик во второто полувреме, призна дека во таборот на Сити ја виделе ситуацијата и се согласиле дека голот не требал да биде признаен.

„Кратко и јасно – беше офсајд. Жал ми е за Фулам, ги разбирам, и јас би бил бесен по еден таков погодок. Мора да е ужасно чувството“, изјави Халанд по мечот.

Се вчитува...