Халанд прогласен за играч на сезоната во Премиерлигата

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд е прогласен за играч на сезоната во англиската Премиерлига.

Неверојатниот Норвежанец во својата прва сезона го водеше Манчестер сити до шампионскиот трофеј, постигнувајќи дури 36 гола дополнети и со осум асистенции. Тој ефект ќе има можност и да го поправи и во последното коло против Брентфорд.

Халанд сезонава собори низа рекорди во Англија и во светот, но секако вреди да се издвои дека стана играч со најголем број голови во една сезона во Премиерлигата. Досега тој рекорд со 34 гола го делеа Енди Кол и Алан Ширер, со тоа што тие тоа го постигнаа кога сезоната имаше 42 натпревари, за разлика од сегашните 38 натпревари.

Се вчитува...