Фудбалерите на Норвешка го декласираа Израел со 5-0 со што веќе се пред пласман на Светското првенство 2026, останувајќи максимални по шест кола во Групата И.
Победникот беше речиси решен по првите 45 минути, бидејќи гостите не знаеја што им се случи во Осло.
Норвешка доби пенал уште во 6. минута, Халанд ја презеде одговорноста и промаши. Сепак, пеналот беше повторен, но повторно напаѓачот на Сити не беше прецизен.
Erling Haaland misses 2 penalties vs Israel
byu/977x insoccer
Но, домашните успеаја да поведат со автоголот на Калаили. Предноста ја удвои Халанд, кој го помина голманот и рутински го погоди далечниот агол. До крајот на првото полувреме – уште еден автогол. Некако бизарно, голманот Перек го погоди Нахмијас и топката отиде во мрежата.
Во продолжението од натпреварот, Халанд ја погоди мрежата уште два пати, за хет-трик и „петарда на Норвежаните“.
Унгарија, пак, ја победи Ерменија со 2-0 во Групата Ф.
Водечкиот гол беше дело на Лукач во 56. минута а Грубер стави точка на победата во 94. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

