Ерлинг Халанд нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола за утрешното гостување против Брајтон, меч на кој Манчестер Сити мора да стигне до цел плен ако сака да се врати на врвот на премиерлигашката табела.
Норвешкиот ас се повреди на реваншот од ЛШ против Реал Мадрид, Халанд потоа не настапи на полуфиналето од ФА Купот против Челси, а ја загуби и трката за времето за настап со Брајтон.
„Ерлинг нема да биде со нас на наредниот натпревар. Веќе реков, проблемот не е премногу сериозен, но нема да можеме да сметаме на него против Брајтон“, изјави Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција.
Добра вест за „граѓаните“ е што Фил Фоден е „фит“ за настап на утрешниот натпревар откако англискиот репрезентативец поради ситна повреда го пропушти вчерашниот тренинг на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА